Доделени медалите на Димовска и Исмаил на ЕП во кик бокс, Митровски очекува победа на Мировски во финалето (ФОТО)

Попаднево свечено им беа доделени медалите на Марија Димовска и Туркер Исмаил на Европското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Истанбул, Турција. Димовска освои сребрен, а Исмаил бронзен медал.

Марија денес во финалето се бореше со Соња Вуксиќ од Србија и беше поразена со 0-3, додека вчера Туркер во полуфиналето загуби од Украинецот Никита Тертишњи 0-3.

„Утре останува финалната борба меѓу репрезентативец Силвио Мировски и Гркот Христотс Естадијадис во која очекувам победа на нашиот натпреварувач“, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски – Урко.

Резултати ЕП:

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) 3-0
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија) 0-3

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина) 0-3

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Урош Крстиќ (Србија) 3-0
Финале
Силвио Мировски – Христотс Естадијадис (Грција)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО