Добро издание на Заборска, Костовска и Петков на Карате 1 Серија А во Ларнака

За разлика од првиот ден, македонските каратисти денес имаа добар настап на Карате 1 Серија А во Ларнака, Кипар, Симона Заборска, Вероника Костовска и Давид Петков може да жалат што не се борат за медал, а беа на чекор до тоа.

Малчку е збунувачка ситуацијата со Симона Заборска која во осминафиналето заработи повреда на носот на пет секунди пред крајот со Ксенија Дрончанка од Полска. Чудно е зошто ја нема во репасажот, бидејќи нејзината противничка во четвртфиналето Мирна Атија од Египет се пласира во финалето.

На Карате 1 Серија А настапуваат 946 натпреварувачи од 83 држави.

Резултати – Карате 1 Серија А:

-50 кг
Марија Петровска – Масумех Мохсенијан (Иран) 1-4

-55 кг
Симона Заборска – Софи Сантило (Англија) 4-1
Симона Заборска – Лаура Бергант (Словенија) 3-1
Симона Заборска – Ксенија Дрончанка (Полска) 1-0
Симона Заборска – Мирна Атија (Египет) 0-0

-61 кг
Викторија Јовановска – Алис Варџиу (Италија) 2-1
Викторија Јовановска – Ашлеј Какијај (Холандија) 0-4

-61 кг
Вероника Костовска – Аижан Бакирова (Казахстан) 3-0
Вероника Костовска – Николе дел Боно (Италија) 3-2
Вероника Костовска – Џенифер Хилари Замето (Франција) 2-2
Вероника Костовска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 1-4

-60 кг
Фахик Весели – Давид Ткебучава (Грузија) 2-3

-67 кг
Давид Петков – Јевгени Середа (Украина) 4-2
Давид Петков – Алесандро ди Марко (Италија) 1-0
Давид Петков – Џоби Вилсон (Англија) 4-1
Давид Петков – Валентин Наида (Украина) 1-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО