До сега не знаела кој е Кро Кап, а потоа виде што може да и направи на противниците со нога! (ВИДЕО)

Каналот на Јутјуб „Allure Vision“” објави пред неколку месеци многу интересна видео-приказна од која сме изненадени. Но, таквите работи никогаш не застаруваат…

Новопечена призврзаничка на ММА е, главната хероина на овој канал, која воопшто не е запознаена со актуелната сцена, па нитуно со легендите на овој спорт, како што е Мирко Филиповиќ. Кро Кап е апсолутна икона на боречките спортови, не само во слободните борби, туку и како кикбоксер постигна одлични резултати и ја освои ВГП/WGP K-1.

„Нормален човек има кафеави очи. Изгледа како нормален човек“, вели во својата анализа на Филиповиќ и неговата кариера.

Потоа се префрла на Википедија на Кро Кап и потоа и на она вистинското – анализа на неговите „хајлајти“.

„Пред се, морам да го кажам тоа. Има еден од најдобрите слогани од кога и да – „ десна нога болница, лева гробишта“! Тоа е смешно и многу добро“, истакна таа!

И тогаш започнува „видеото“ на Филиповиќ. Уште од К-1 денаовите па се до до најновите нокаути…

„Ооо, ооооооо! Оооо“, испушта гласови додека го гледа спектакуларните удари на Филиповиќ и се фаќа за главата.

„Видов дека може да го удари, тоа е сосема јасно. Исусе драг“, извикува кога на рд доаѓа нокаутот со левата нога против подеднакво легендарниот Мајк Бернард.

„О, боже мој, аууу! Како можеш да се подготвиш за овој тип? Сакам да знам зошто ударот со нога му е толку гласен? По ѓаволите“, додава.

Целото видео погледнете го во продолжение. Треба да се забележи дека за кратко време го гледале повеќе од 130.000 луѓе.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО