До 24 часот (за 1 час): Конор потпишува договор за големиот меч со Мејведер (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, се очекува до 24 часот да потпише договор за долго очекуваниот мегаспектакл со Флојд Мејведер, информира британскиот „Телеграф“. Весникот ги пренесува зборовите на Вајт од прес-конференција по завршувањето на натпреварот меѓу Стипе Миочиќ и Жуниор дош Сантош на УФЦ 211.

„Токму сега го подготвуваме договорот со Конор, колку време ќе ни теба да ги искристализираме деталите зависи од тоа колку че се апсурдни барањата на Флојд. Многу работи зависат од прогнозираните приходи од рејтинг, но тоа се работи за кои нема никаква гаранција во моментов. Секогаш кога станува збор за „pay-per-view“ е како да фрлиш зарови и да се надеваш. Не знаеш што ќе се случи, иако ова е еден од најдобрите долго очекуваните и големи натпревари“”, објасни Вајт.

„Телеграф“ наведува дека очекуваните приходи од Конор Мек Грегор – Флојд Мејведер се околу 500 милиони долари.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО