Дмитру Вицол го освои Златниот гонг

Романецот Димитру Вицол од Романија го освои 48. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ кој се одржа денес во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најдобар македонски боксер е Јасин Лама, а најборбен боксер е Патриот Бехрами од Косово, додека Бојо Асенов од Бугарија е најдобар техничар. Најдобар странски боксер е Дамјан Грмуша од Србија. Томо Антељ од Србија е најдобар тренер, а од Љатиф Демоли од Косово е најдобар судија.

-52 кг Саша Сулјиќ (Србија) – Џан Демиров (Македонија) 0-3

Извонредна прва рунда на Џан Демиров, од почеток напаѓаше и противникот два пати се најде во нокдаун. И во втората Демиров напаѓаше и правеше притисок на Саша Сулјиќ кој враќаше со моќни контри, но Џан на крајот имаше страотна серија. Нашиот боксер не застана и во третата и сосема заслужено победи со едногласна одлука на судиите.

-60 кг Јасин Лама (Македонија) – Немања Глигориќ (Србија) 3-0
Лама и Глигориќ водеа борба од дистанца во првата рунда со повремени влезови. Немања се трудеше да го разбие гардот на Јасин со брзи влезови со крошеа. Поактивна борба видовме во втората рунда, при што Глигориќ поуспешно го разбиваше гардот на нашиот боксер. Јасин тргна поактивно, а Немања се трудеше да ја ескивира борбата и почесто одеше во клинч, а Лама беше поубедлив.

-64 кг Диели Враноци (Косово) – Алим Насуфи (Македонија) 0-3
Насуфи кој е познат по офанзивниот стил на борба и сега тргна во напад, но Варноци се покажа како цвртс боксер, па Алим не можеше толку да се размавне. Сепак, на крајот направи успешна серија со која зврши рундата. Наусфи напаѓаше и во втората рунда со доста прецизни удари го кршеше отпорот на противникот. Рамноправна трета рунда со размена на многу удари. Враноци на карајот бегаше по рингот.

-64 кг Денис Муаремовски – Дамјан Грмуша (Србија) 1-2
Денис и Дамјан во првата рунда си ги испитуваа силите, а со по некоја контра на и напаѓаа. Цврста втора рунда со мала иницијатива на Грмуша. Во третата Муаремовски тргна поагресивно, додека грмуша успешно ги користеше контрите.

-69 кг Љулзим Исмаили – Патриот Бехрами (Косово) 1-2
Прва рунда во која и двајцата се обидоа да пласираат што посилни удари и да го решат мечот предвреме. Исмалеи на карајот доминираше. Од се по нешто во втората рунда, размена на удари, боречи зафати, а Исмаили се најде и во нокадун. На крајот се размваа и давјцата, а Патриот се обидуваше да го доврши нашиот боксер. Жестока трета рунда.

-69 кг Гоце Јанески (Македонија) – Петар Стошиќ (Србија) 1-2

Гледавме борба на двајца техничари во првата рунда со еден-два удари на влез. И во втората рунда немаше расфрлање на удари од двајцата, со тоа што Јанески напаѓаше а Стошиќ контрираше, но нашиот боксер имаше попрецизни удари. Трета рунда продолжи во исто темпо, беше забележлив заморот на боксерите.

-75 кг Октај Фератов (Македонија) – Думитру Вицол (Романија) 0-3
Фератов и Вицол избоксираа добро во првата рунда, со тоа што Романецот имаше неколку прцизни удари. Во втората тој нападна многу посилно па нашиот боксер беше во подредена улога.Имаше и едно броење. Бескомпромисна трета рунда во која подобар беше Вицол.

-81 кг Арсим Етеми (Македонија) – Пјотор Шчуковски (Полска) 0-3

На Етеми му броеја на почетокот на правта рунда во која и двајцата тргнаа офанзивно. Полутешкашите прикажаа борба како за лесна категорија, од почеток до крај напаѓаа и двјцата со многу разменети удари. Отворената борба со чисти техники продолжи и во втората рунда. И во третата ништо не се промени и Пјотор се здоби со предност. Може да се каже дека ова беше една од поинтерсните борби на Златниот гонг.

Финале
-52 кг Саша Сулјиќ (Србија) – Џан Демиров (Македонија) 0-3
-56 кг Леотрим Реџепи (Косово) – Бојан Асенов (Бугарија) 0-2 (прекин, Р2)
-56 кг Елдјон Белегу (Албанија) – Вељко Глигориќ (Србија) 0-3
-60 кг Јасин Лама (Македонија) – Немања Глигориќ (Србија) 3-0
-64 кг Диели Враноци (Косово) – Алим Насуфи (Македонија) 0-3
-64 кг Денис Муаремовски (Македонија) – Дамјан Грмуша (Србија) 1-2
-69 кг Љулзим Исмаили (Македонија) – Патриот Бехрами (Косово) 1-2
-69 кг Гоце Јанески (Македонија) – Петар Стошиќ (Србија) 1-2
-75 кг Бесарт Курхаску (Косово) – Ѓорѓе Бујишиќ (Србија) 3-0
-75 кг Октај Фератов (Македонија) – Думитру Вицол (Романија) 0-3
-81 кг Арсим Етеми (Македонија) – Пјотор Шчуковски (Полска) 0-3
-81 кг Ардит Делијај (Косово) – Никола Стевановиќ (Србија) 0-3
-91 кг Грегор Шкрјанец (Словенија) – Иван Мечков (Бугарија) 0-3

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО