Дмитри Кудријашов на ВБСС/WBSS турнирот

Одличниот турнир на Светската боксерска супер серија (World Boxing Super Series) во крузер категорија го доби и својот седми учесник.

Претпоследното место на турнирот на осумината го зазеде рускиот нокаутер Дмитри Кудријашов (21-1, 21 КО).

31-годишниот Кудријашов им се приклучи на четирите сегашни шампиони во леснотешка категорија – Александар Усик (ВБО), Маирис Биедис (ВБЦ), Мурат Гасиев (ИБФ) и Јуниер Дортикос (ВБО), како и поранешниот шампиони Марко Хук и Кристоф Влодарчик.

Во лов на трофејот на Мухамед Али влегува со 94 отсто од натпревари завршени со нокаут. Има 21 победа во кариерата и до секоја дојде со прекин. Во почетокот на јуни против Оларенва Дурдол го одмазди единствениот пораз во својата кариера.

„Јас сум Рускиот чекан и ќе разбијам својот пат до четири титули и трофејот на Мухамед Али. Турнирот е полн со шампиони и поранешни шампиони, но никој нема подобар сооднос на нокаути од мене. Имам големо почитување спрема моите колеги учесници, но кој и да ми застане на патот ќе биде нокаутиран“.

Сите учесници на турнирот ќе застанат лице в лице во саботата во Монако. Четирите носители лично ќе избираат противниците.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON