Дмитри Чудинов го реши Пап со нокаут во првата рунда, посака меч со Де Гејл

Dmitri Cudinov

Поранешниот привремен шампион на ВБА во средна категорија, Дмитри Чудинов, ја продолжи победничката серија, забележувајќи импресивна победа со технички нокаут уште во првата рунда над Унгарецот Золтан Пап.

38-годишниот Пап падна на подот по едно силно лево кроше во пределот на црниот дроб, по што не успеа да ја продолжи средбата.

Чудинов не крие дека целта му е да си обезбеди дуел со Џејмс де Гејл, со кого се познава аматерските денови. Во моментов Де Гејл го држи појасот на ИБФ во суперсредна категорија. Два пати се имат борено како аматери, а Русинот и ден-денешен тврди дека бил оштетен од судиите.

„Имам лични сметки за израмнување со Џејмс де Гејл. Сакам да се наврати на случката во аматерска конкуренција. Тогаш јас бев победникот. Со него имавме две средби, а во едната крајниот резултат беше многу контроверезен. Навистина сакам да застанам против него. Би бил интересен дуел. Јас сум 30 години. Целта ми е да ја освојам европската титула, а потоа и да се борам за светската“.

Во истата вечер боксерот од супер средна категорија, Владимир Шишкин, постигна победа во три рунди над друг Унгарец – Атила Корос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО