Дмитри Бивол: Нема да го чекам Канело, бидејќи не ја сака борбата

Втората борба меѓу Дмитри Бивол и Канело Алварез е една од најочекуваните за 2023 година.

Да потсетиме, легендарниот Мексиканец во септември минатата година се пресели во полутешка категорија за да му го одземе ВБА појасот на Русинот. Канело важеше за фаворит, но беше надмудрен од Бивол, што резултираше со пораз со одлука.

Оттогаш, Сол сака да му се реваншира на Бивол, но не се става зорт. Наместо втора средба со Дмитри, легендарниот боксер првин го победи Генади Головкин, а на 6 мај ќе ги стави на заложи титулите во суперсредна категорија во борба против Џон Рајдер.

Алварез продолжува да зборува за судир со Бивол, само неговите зборови не се во согласност со неговите постапки. Дмитри не сака повеќе да го чека Алварез и планира да тргне по својот пат наместо да биде неактивен.

„Канело имаше можност за реванш, но не ја искористи. Повторно, сега сака да се бори со некој друг. Не знам дали сака да се бори со мене, но нема да го чекам.

Одам по својот пат. Може да се бори со мене ако сака. Иако можевме да се сретнеме порано. Мечот би можел да се одигра во мај. А зошто борбата не може да биде во негова категорија?

Ако борбата се одржи во оваа категорија, тој нема да има повеќе оправдувања“, изјави Бивол на Јутјуб каналот КО Артист спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО