Дмитри Бивол: Канело има повеќе шанси да го победи Крафорд

Поранешниот апсолутен светски шампион во полутешка категорија (до 79,2 кг) Дмитри Бивол го сподели своето мислење за претстојната мега борба меѓу Саул Алварез-Канело и Теренс Крафорд. Тие ќе се сретнат на 14 септември во Лас Вегас, каде што ќе се одреди апсолутниот шампион во суперсредна категорија.
„Крофорд ќе се обиде да го држи Канело на дистанца, ќе се потпира на движење и долги растојанија. Но, што всушност ќе се случи, само Бог знае. Може ли Теренс да го држи Сол подалеку од него цел меч? Не знам. Сепак, само ова нема да биде доволно за победа. Канело има добра одбрана и одлична маневрираност. За да го погодите чисто, треба да фрлите шест-седум удари за еден да стигне до целта.
Теренс исто така изгледа доволно голем, но никој не знае како ќе се чувствува во рингот против поголем противник. Оваа борба е интересна поради стилскиот судир. Стилот на Крафорд е непријатен за Канело, но категоријата по тежина не е предност за него. Сол е поголем, со силна одбрана и ќе мора да вложи помалку труд за победа, отколку Теренс“, рече Бивол во интервју за Јутјуб каналот Фајт хаб ТВ.



