Дионтеј Вајлдер за Фјури – Нгану: Досада!

На 28 октомври во Саудиска Арабија ќе се одржи уникатен боксерски меч.

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, ќе зачекори во рингот против дебитант во професионалниот бокс. Точно, овој дебитант е поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и еден од најопасните борци во светот Френсис Нгану.

Веднаш штом оваа борба беше официјално објавена Фјури беше критикуван и од медиумите и од боксерската заедница. Тајсон наместо да се согласи на борба со Александар Усик за титулата апсолутен светски шампион, избра многу лесна опција.

Тој го избра Нгану, кој никогаш не се борел според правилата на боксот. Дiонтеј Вајлдер не е возбуден поради овој боксерски меч и рече дека ќе биде досаден. Вајлдер се бореше 3 пати со Фјури и загуби 2 од средбите.

„Бронзениот бомбардер“ изјави дека боксот во тешка категорија е мртов откако видел борби како онаа меѓу Нгану и Фјури.

„Дали ќе ја гледам оваа борба? Најверојатно не. Мислам дека ќе биде здодевно. Направив чекор настрана и тешката категорија во бокс веднаш падна. Дури би рекол дека тешката категорија е мртва“, изјави Вајлдер за ЕСЊуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON