Мајк Тајсон: Џон Џонс е најдобар во ММА

Поранешниот неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон кажа, според него, кој е најдобар во ММА.

„Железниот“ е близок со многу ММА борци и моментално го тренира Френсис Нгану за неговото боксерско деби. Мајк не го крие воодушевувањето од Џон Џонс и изјави дека е најголем во ММА. Џон Џонс има 36 години.

Американецот дебитираше во ММА во април 2008 година и веќе во август истата година ја имаше првата борба во УФЦ. Во март 2011 година Џонс ја освои титулата на организацијата во полутешка категорија (до 93 кг), која ја бранеше 8 пати.

Во март 2023 година Џонс ја освои титулата во тешка категорија (до 120 кг), победувајќи го Сирил Гане во првата рунда. Џон сега се подготвува за борба со Стипе Миочиќ која ќе се одржи во ноември во Њујорк. Ова најверојатно ќе биде неговата последна борба во ММА.

„Ми се допаѓаат многу луѓе. Џон Џонс, Хабиб, многу нови момци се на пат. Но, морам да го изберам Џон Џонс поради сите тешкотии низ кои помина, но тој можеше да остане шампион“, изјави Тајсон во интервју за Јутјуб каналот Комплекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО