Светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, изјави дека со радо би се спротивставил на шампионот на ВБО, Џозеф Паркер, за обединување на титулите. Според „Бронзениот бомбардер“, тоа би можело да се случи во текот на април.
На 25 февруари Вајлдер се враќа на рингот и ќе го брани појасот против Полјакот Анджеј Варжик. Ако сè се одвива според планот, тој е подготвен наскоро потоа да се бори и против Џозеф Паркер.
Паркер требаше да ја брани титулата против Дејвид Хеј, но Британецот претпочита да се бори со сонародникот Тони Белју. На Паркер му беше предложена варијантата да се бори со Хјуи Фјури, но неговиот промотор ја преферира варијанти за обединувачки меч со Дионтеј Вајлдер.
„Ќе разговараме за сите опции. Ќе контактираме и со луѓето на Ал Хејмон односно Дионтеј Вајлдер. Имаме можности. Не се плашиме од никого. Нашата желба е да ги обединиме појасите“, изјави Дејвид Хигинс од Дуко ивентс.
Вајлдер изјави дека негова желба е да додаде уште еден појас во својата колекција.
„Кога го слушнав ова, веднаш се јавив на моите луѓе и им реков дека ако се оди како што треба, тогаш во февруари го сакам Паркер. Немам повреди, раката веќе ми е обновена. Сакам да ги обединам појасите, но полесно е да се каже отколку да се направи. Боксот е бизнис, а има различни правила и прописи. Ќе видиме што ќе се случи. Тие го сакаат, дефинитивно и јас исто го сакам истото“.