Хант поднесе мултимилионска тужба против УФЦ, Вајт и Леснар!

mark-hant-so-ribok-trenerka

Она што го најави, Марк Хант и го направи. Тешкашот на УФЦ и еден од најомилените борци на навивачите поднесе тужба против УФЦ, Дана Вајт и Брок Леснар.

„Супер Самоанецот“ наведените ги товари за рекетирање, измама, лажни обвиненија, прекршување на договорот, кршење на договорот и чесно работење, небрежност и стекнување на богатство без основа.

Хант во тужбата наведува дека браќата Ферита оствариле 2.000 проценти поврат на нивните инвестиции од 2001 година, зборуваше за неправедна распределба на приходот во УФЦ, за договорната прсила за борба со борците кои користат средства за подобрување на перформансите, како и за нарушување на фер натпреварување.

Борбата на Хант со УФЦ во врска со ова прашање датира уште јубилејниот настан УФЦ 200 кога се бореше со Леснар. Да потсетиме, тогаш тој првично беше поразен со едногласна одлука на судиите, а по објавувањето позитивниот резултат на Леснар од тестот резултатот е променет во „no contest“, однонсо не одлучена. Хант верува дека во УФЦ однапред знаеле за таква разврска и дека тоа е причината за нефер профит максимизација, вклучувајќи 4,2 милијарди долари од продажбата на УФЦ, а сето тоа на штета на здравјето и безбедноста на борци, но, исто така, на штета на чесното натпреварување.

Иако резултатот од неговиот последен меч е променет, популарниот тешкаш верува дека неговиот углед е нарушен, а со тоа останал и без можност за напредување во кариерата. Спомена како пред Леснар на тестовите паѓале и неговите поранешни противници – Френк Мир и Антонио Силва.

Хант со тужбата бара 2,5 милиони долари, односно целата заработувачка на Леснар за таа борба, како и одредена износ од продажбата наППВ/PPV.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО