Кро Кап кај Хелвани го потврди пензионирањето и откри: Најмногу ќе ми недостасуваат тренинг камповите!

mirko-filipovic-vozi-kola

Мирко Филиповиќ беше гостин во шоуто ММА час/ MMA Hour кај најпознатиот светски ММА новинар, Ариел Хелвани, а таму уште еднаш го потврди пензионирањето, но откри и што најмногу ќе му недостасува по завршувањето на кариерата.

Сите знаат дека на Мирко Филиповиќ ова не му е прв пат да објавува крај на кариерата, но и самиот Хелвани кажа дека сега потполно му верува, посебно заради тоа што во неговиот глас се слуша едно задоволство. Кро Кап уште еднаш го потврди тоа, раскажа се за повредите кои го следат, терапиите кои го следеле на подготовките, но не заборави да наведе уште една битна причина:

„Во мене секогаш ќе има оган, тоа никој не може да го истера од мене, но некогаш мора да кажеш дека е доста. Семејството исто така е голем фактор во тоа, Бидејќи не сакам да доживеам мојот син да гледа како некој ме нокаутира и ме завршувам на под, како што јас им го направив тоа на Кинг Мо или Алиакбари. Тоа премногу стресно, не само за мене туку и за целото семејство“.

Кро Кап на американската ММА публика и ја објасни целата ситуација со Вондерлеј Силва и како се чувствувал во врска со тоа, ги спомна најтешките подготовки во кариерата, но и она што му значи Јапонија и борбите пред фановите во својата втора татковина. Интересно беше прашањето што сега планира да работи во животот, но и што најмногу ќе му недостасува од животот на професионален борец:

„Не знам што ќе правам во животот, освен што сигурно ќе останам во спортот, бидејќи тоа ме прави среќен и не можам да замислам ден без тренинг. Нема да бидам тренер во класичен облик, нити сум човек кој има стрпление да поктренам свој клуб. Имам неколку момци на кои сакам да им дадам дел од моето искуство. Исто така, ќе останам во спортот преку семинари, за кои до сега немав време да ги одработувам, а тоа е нешто што ме интересира и ме радува. А од сето ова најмногу ќе ми недостасуваат тренинг камповите, што некого би го зачудило. Сепак, тоа е време кога се дружам со својата екипа. Напорно тренираме, но тука има многу шега и забава. Тогаш сите ќе се собериме, затоа што доаѓаме од различни делови на државата и заедно го поминуваме времето. Затоа тоа најмногу ќе ми недостига“.

Уште беше прашан и за големиот број на приврзаници кои го следеле во текот на дваесетгодишната кариера и тука не мислеше само хрватските и јапонските, туку на ММА фановите од целиот свет, кои го засакаа спортот преку борбите на Мирко:

„Свесен сум за поддршката која ја имав во текот на целата кариера, по некогаш сам се прашував со што го заслужив тоа. Неверојатно беше да слушма како го исвиркуваа мојот противник, а мене ме дочекуваат со овации. Можам сега само да го спомнам примерот од Јапонија. Публиката го исвиркуваше Баруто кој живее во Јапонија и кој е супер ѕвезда таму и перфектно зборува јапонски. Беше неверојатно да се види тоа и не можев да поверувам дека се случува тоа. Не можам до крај да и се заблагодарам на сите мои фанови, кои ми пружија поддршка во целата моја кариера. Секогаш ја чувствував таа поддршка и тоа е нешто посебно. Уште еднаш им се заблагодарувам на сите кои ме поддржуваа во целата моја кариера“.

И ние му веруваме дека овој пат навистина рече дека е доста, а не можеше да одбере подобар начин да се заблагодари на сите кои беа со него, со Мирко Филиповиќ, вистинска легенда на овој спорт, што и Ариел Хелвани му го нагласи повеќе пати во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО