Дионтеј Вајлдер продолжува со притисокот за меч со Тајсон Фјури

vajlder-i-fjuri

Светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, изјави дека е подготвен да чека колку што е потребно за да се бори со веќе поранешниот светски шампион на неколку различни организации Тајсон Фјури.

Британецот беше принуден да се откаже од титулите освоени против Владимит Кличко, откако психички се растрои по нивното освојување. Фјури падна во акутна депресија, откако стана шампион, а освен тоа има проблеми и со кокаинот. Во оваа фаза не е јасно кога би можел да се врати на рингот.

Сепак, Дионтеј Вајлдер е подготвен да чека колку што е потребно, за да си ги расчисти сметките со Тајсон Фјури, дури и да не станува збор за меч за титула.

„Бог нека биде со него. Го очекувам неговото враќање, бидејќи минатата година не се промовираше меч цела година сличен за ништо, верувајте ми. Оваа средба треба да се случи, без разлика дали тој има појас или не“, изјави Вајлдер.

„Се надевам дека Тајсон ќе се врати на рингот. И мислам дека тоа ќе се случи. Се молев да се опорави. Тој е одличен тип. Сепак, понекогаш луѓето за себе градат одреден лик, кој потоа не можат да го „исклучат“. Треба да знаеш како да стиснеш копчето за исклучување“.

„Простум, ти си само човек, кога има граници на непочитување, тогаш човек може да биде обземенх од милиони луѓе. Ти си само еден човек и не можеш да се бориш со целиот свет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО