Дионтеј Вајлдер откри уште колку ќе боксира пред да се пензионира

Поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, во последните неколку недели беше поврзуван со Ентони Џошуа, но преговорите некаде заглавија и нивниот меч моментално е доведен во прашање.

Бронзениот бомбардер веќе гледа напред, а се уште верува дека има многу време во боксот.

Американскиот тешкаш не се бореше оваа година. Последниот меч го имаше во октомври 2020 година кога во првата рунда го нокаутира Роберт Хелениус.

Вајлдер ја загуби светската титула во тешка категорија во 2020 година кога Тајсон Фјури го победи.

Година и пол подоцна се обиде да го врати појасот во реваншот, но Џипси Кинг повторно беше поуспешен и победи со нокаут во 11. рунда.

Вајлдер има долга кариера зад себе, но сè уште не планира да се пензионира.

„Ќе боксирам уште најмалку три години“, изјави 37-годишниот Дионтеј Вајлдер и додаде:

„На навивачите ќе им понудам уште големи борби, верувам дека некои од нив ќе бидат најдобри што некогаш ќе ги видат. Ќе се борам само со најдобрите. Засега не одам никаде“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО