Дионтеј Вајлдер: Не постои непријателство меѓу мене и Хелениус

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (42-2-1, 41 КО) зборува за неговата претстојна борба со Финецот Роберт Хелениус (31-3, 20 КО). Мечот ќе се одржи на 15 октомври во Њујорк (САД).

Вајлдер не се борел од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури (32-0-1, 23 КО) загуби со нокаут во 11. рунда и прокнижи вториот пораз во боксот. „Бронзениот бомбардер“ има скор од 42-2-1 во боксот и во 41 меч победи со нокаут.

Неодамна ВБЦ откри дека победникот од овој меч би можел да стане прдизвикувач за титулата. Вајлдер признава дека Хелениус не е лесен противник и нема да го потцени.

„Роберт беше во мојата куќа и имам добри односи со него и неговиот тим. Нема да има непријателство. Двајца господа ќе се борат за победа и место број 1 за нивните семејства.

Ќе се работи за тоа кој ќе биде најбрз и ќе удро најсилно. Хелениус е голем борец, многу висок.

Знае да биде трпелив кога е потребно. Има златно срце и нема да се откаже. Има воено искуство, па нема да се откаже. Борбата нема да биде лесна“, изјави Вајлдер за PBC.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО