Дионтеј Вајлдер: Јас правам што си сакам, а Џошуа и Фјури следат наредби

Неодамна Дионтеј Вајлдер ја одби понудата од 100 милиони долари што му беше понудено од ДАЗН. Понудата беше за три борби, од кои две против Ентони Џошуа. „Бронзениот бомбардер“ ја одби оваа атрактивна понуда и во едно неодамнешно интервју одлучи да ја открие причината за нејзиното одбивање.

„Не сум во овој бизнис да заработам пари и да прифатам понуда само затоа што гледаме некои бројки. Јас не сум таков и никогаш не сум бил. Ја гледам целата слика, а не само дел од неа. Ми нудаат некои бројки, но знам дека ќе има поголеми. Ми фрлија некакви пари, но сфатија дека сум поинаков и одам по потешкиот начин.

Имавме сериозни прашања во врска со таа понуда, но не добивме одговори и требаше да се откажам во одреден момент. Нема да ми биде тешко да обезбедам борби со Фјури и Џошуа. Се обложувам на себе и го правам она што го сакам. Џошуа и Фјури го прават она што ќе им го кажат и следат наредби. Разликата меѓу нас е што јас ги создавам правилата, а тие ги следат. Наскоро ќе бидам најплатен во целиот свет. Следете ме и ќе видите, ако не верувате“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО