Дионтеј Вајлдер имаше само еден меч во последните две години, па откри дека сите го избегнуваат

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дiiонтеј Вајлдер, по двата порази од Тајсон Фјури се врати во рингот минатиот октомври кога го победи Роберт Хелениус.

Бронзениот бомбардер ја заврши работата уште во првата рунда кога зададе одличен удар и го нокаутира Финецот. Тоа беше негов единствен меч во последните две години.

И се чини дека Вајлдер нема да се врати во рингот толку брзо бидејќи учествува во реалното ТВ шоу наречено Предавници, кое се емитува на Пикок оваа есен.

„Многумина ја почувствуваа моќта што ја поседувам, а има и такви кои ја избегнувале или ја избегнуваат. Во текот на кариерата слушав изговори од типот „Не бегам, не сум кукавица, не се плашам“… ,  изјави Дионтеј Вајлдер и повторно се осврна на Енди Руиз Јуниор и на другите кои прозиваат:

„Секако, нивните промотери и менаџери, вклучително и самите тие, не знаат ништо друго освен да прозиваат. Во нивните изјави има многу емоции, но во реалноста тие се исплашени. Можевме добро да заработиме, но ме избегнуваат“.

Следниот месец ќе го прослави 38-от роденден, а му преостануваат уште неколку натпревари пред да се пензионира.

Но, американскиот боксер верува дека сепак ќе има големи борби без разлика што нема да се врати во рингот толку брзо.

„Длабоко во нивните срца знаат кој сум и во овој момент никој не е сигурен. Но, сите големи борби ќе се случат пред крајот на мојата кариера“, истакна Дионтеј Вајлдер и откри од каде му е силата за ваков моќен нокаут:

„За тоа воопшто не морам да кревам тегови. Знам што имам во моите раце. Не треба да вежбам за да останам моќен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО