Дионтеј Вајлдер го сака Џошуа откако ќе го скрши Ортиз

Дионтеј Вајлдер верува дека победата над Луис Ортиз ќе го одонесе до неговиот следен меч со Ентони Џошуа.

Џошуа прво треба да се сретне со Кубрат Пулев на 28 октомври, а Вајлдер на 4 ноември со Ортиз.

„Кога ќе го победам, го сакам Џошуа. Сите знаат дека ги сакам сите титули во категеријата. И ќе го победам секого за да ги  освојам. Подготвен сум да ги предизвикам сите шампиони како што гледате – од Поветкин до Галцков, но ме избегнуваат.

По оваа борба, кога Џошуа ќе се справи со Пулев, а јас ќе го скршам Ортиз. Нема што повеќе за да се зборува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО