Дионтеј Вајлдер: Ентони Џошуа е смешен, се плаши

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO) не верува дека со ВБА,ИБФ, ИБО и ВБО шампионот Ентони Џошуа (21-0, 20 KO) ќе се сретнат во блиска иднина.

Вајлдер искрено мисли дека Џошуа и неговиот промотор се плашат од оваа борба.

Преговорите се во тек, а тимот на Вајлдер вели дека Херн им понудил понуда од 12,5 милиони долари.

Вајлдер, кој минатиот месец успеа да ја одбрани титулата со нокаут против Кубинецот Луис Ортиз, притиска за средба со Џошуа.

Џошуа, пак, има неколку опции.

Неодамна од ВБА побараат од него да ја брани титулата против Александар Поветкин, кој исто така е и задолжителен предизвикувач за шампионската позиција на ВБО. Џошуа треба да се спротивстави и на Џарел Милер, ако успее да се врати подоцна овој месец.

„Се плашат од мене, треба да му тргнам насмевката „Полн е со страв и не оди подалеку“.

„Веќе две години ме избегнува. Многу работи се случуваа во мојата кариера – од почетокот се борам со најдобрите. Отсекогаш сум бил во непријатна позиција, бидејќи сите ме гледаат како вистински борец“.

„Удирам силно и тоа го знаат. Но јас го извлекувам подебелиот крај, зашто кога ќе ме видат ја препознаваат вистинската личност, вистинскиот борец. Никој не сака да си го расипе чистиот резултат – боксот стана добар бизнис. Колку подолго еден борец ќе остане непоразен,толку подобро изгледа и луѓето те бараат за различни работи“.

„Според денешните размислувања, кога еднаш ќе претрпиш пораз веќе не можеш да се вратиш. Но минатото тврди нешто друго – земете за пример најдобрите. Али, еден од најголемите, има пораз. Прашањето е кога ќе паднеш и како да се исправиш. Многу од боксерите се смешни. И Ентониј Џошуа е еден од нив. Слушајте ме добро – тој е смешен“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON