Анамарија Георгиевска обезбеди бронзен медал на Светското јуниорско првенство во таеквондо, се бори за влез во финалето

Анамарија Георгиевска (-59 кг) направи историски подовиг освојувајќи го, засега, бронзениот медал на Светско првенство јуниорско првеснтво во таеквондо во Хамамед, Тунис, кој е прв за Македонија.

Анамарија забележа три победи над Тока Хасанод Египет, Гианела Еволо од Аргентина и во клучната борба за влез во полуфиналето ја совлда фаворитката од Иран, Махса Киадлари!

Во полуфиналето за еден час ќе сретна со Кореанката Ју А Парк, една од најсилните натпреварувачки. Така, сигурниот бронзен медал може да го смени сјајот!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО