Дионтеј Вајлдер: Се чувствувам како убиец и сум подготвен да го смачкам Фјури

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO) ќе ја брани титулата против Тајсон Фјури (27-0, 19 KO) на 1 декември во Калифорнија. Борбата е од големо значење и за двајцата, бидејќи победникот ќе се бори за сериозна сума против Ентони Џошуа кој сака да ги обедини сите титули следната година. Дионтеј е подготвен да се соочи со Фјури и вели дека се чувствува како убиец.

„Победата во оваа борба за мене значи сè. Сега е моето време да блеснам. Ова е мојата партија, а победата ме испраќа на место кое одамна го имав. Имав доста тешкотии во спортот и во животот, кои ме попречија да дојдам до тоа место. Подготвен сум, се чувствувам одлично. Размислувањето му е за борба и се чувствувам како убиец.

Ништо што е сврзно со Фјури не ми пречи. Тој има поинаков стил и верува дека е најдобар во светот. Неговиот стил е чуден, но моето искуство ќе ми помогне. Тврди дека може да боксира и такви работи, но стапнам ли во рингот – сето тоа завршува. Ќе го скршам“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО