Демиров во финалето на Младинска златна ракавица, Зулали и Јонузов поразени

Емет Зулали (-63 кг) и Хурмет Јонузов (-75 кг) се поразени во првите борби на Меѓународниот боксери турнир на „Младинска златната ракавица“ во Сомбор, Србија, на кој македонската репрезентација настапува со четири боксери, покрај Зулали и Јонузов вечерва настапуваат и Бобан Мијалев (-52 кг) и Серген Демиров (-91 кг).

Емет загуби од хрватскиот боксер Леон Мајсторовиќ, а Хурмет Јонузов од Филип Џиниќ од Србија. Јонузов и Џиниќ покажале добар бокс, а српскиот репрезентативец славел сопрекин на судиите.

Вечерва настапуваат Мијалев Бобан против Словенецот Прохор Разанов и Серхан Демиров во финалето треба да се сретне против боксерот од Немања Поповиќ од Босна и Херцеговина.

На турнирот настапуваат 70 натпреварувачи од Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО