Димовски очекува позитивен ефект од Регионалната лига, Вардар ја пречекува Лозница

Откако денес во Сараево денес беше официјализирана регионалната лига во бокс на осум клуба од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, беше направено и жребувањето.

Македонија ќе се претставува како Вардар, а ќе настапуваат најквалитетните боксери од нашата земја. Вардар во групата со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски соколи (Црна Гора).

Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Група А
Вардар-Лозница
Железничар – Црногорски Соколи

Група Б
Црвена Звезда-Марибор
Хрватски витези – Радник

Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс.

„Јас сум голем оптимист околу целиот проект. Мислам дека ќе успееме, имаме соработка која претходно не постоеше меѓу претседателите на Боксерските федерации од поранешните Екс-Ју републики. Имаме потешкотии ние во Македонија, но со помош на Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, се надевам дека ова ќе донесе успех на сите нас. Особено за нас кои малку потонавме во последните неколку години. Се надеваме дека наскоро ова ќе донесе позитивен резултат. Оваа лига не може да не донесе успех. Боксот порано имаше успеси, тогаш овој за овој спорт имаше интерес, ние сме мала држава но имаше услови со кои тие станаа шампиони. Ние се надеваме дека ќе биде добро, не знам дали ќе се појави нов Аце Русевски или Реџеп Реџеповски, но очекуваме позитивен ефект“ – изјави Примислав Димовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО