Димитар Ѓоргиев славеше за златото против Алехандро Гузман на „Шпанија опен“ (ФОТО)

Кик бокс маи таи федерацијата на ВАКО купот Шпанија опен, кој се одржа 13 – 16 јули со учество 12 земји, настапи со Димитар Ѓоргиев во лоу кик до 86 килограми.

„Димитар, како повеќекратен светски шампион, во првото коло беше слободен, чекаше да се бори во финале со победникот од полуфиналната борба. Диме издејствува победа над шпанскиот борец Алехандро Хермандез Гузман со 3-0.

Во втората рунда на противникот му броеја, но ја продолжи борбата, притоа Димитар доминираше во сите три рунди и поведе со 3-0.

Со ова Димитар покажа дека се уште е во форма и ваквите турнири добро му доаѓаат за одржување на формата“,вели селекторот Дејан Митровски-Урко..

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО