Димитар Ѓоргиев: Едвај чекам да прогласат дисциплина во која ќе може да барам пласман на Олимпијада! (ВИДЕО/ ФОТО)

Димитар Ѓоргиев денеска ја освои четвртата светска титула во кик бокс, но овој пат во дисциплината лоу кик. Тој на Светското првенство во Лидо де Јесоло во Италија со 3-0 го совлада Никола Дробњак од Босна и Херцеговина.

За впечатоците од финалната борба за Ипон.мк вели:

„Финалето го поминав одлично. Искусен борец од кој имам изгубено, но, сепак, на Светското првенство фокусот е различен. Мило ми е што работев со него, бидејќи е одличен спортист“ !

Што му значи четвртата титула на популарниот Диме:

„Оваа титула ми е посебно драга, бидејќи после короната спортот е единственото нешто позитивно што се случува, и сакав да бидам дел од тоа“.

Кик боксот сатана дел од олимпиското семејство и секако дека тоа е најголем предизвик за секој спортсит, посебно кога дибитира на најголемиот спортски самит во светот. Париз или Лос Анџелес, ќе се знае наскоро.

„Едвај чекам да прогласат дисциплина во која ќе можеме да бараме пласман на Олимпијада“, вели Димитар.

 

Резултати – СП:
Лоу кик
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
Финале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

Медалите на Димитар Ѓоргиев:

2011 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2012 – Европско првенство – сребрен медал – кик клајт

2013 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2014 – без медал

2015 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2016 – Европско првенство – бронзен медал – кик клајт

2017 – Светско првенство бронза

2018 – Европско првенство – златен медал – лоу кик

2019 – Светско првенство – бронзен медал

2021 – Светско првенство – златен медал – лоу кик

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО