Дилиен Вајт: Владимир Кличко го нокаутира Вајлдер за време на спаринг меч

Дилиен Вајт откри дека поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, го нокаутирал Дионтеј Вајлдер за време на спаринг меч пред неколку години. Вајт беше меѓу многуте боксери кои отпатуваа за Австрија да тренираат во Станглвирт, каде го тренираше и Кличко. Дилиен беше сведок како Кличко казнува многумина додека се подготвуваше за одбрана на титулите.

Вајт сакаше да ги подобри вештините и беше сведок на тешки нокаути. Кличко ги нокаутираше сите, вклучувајќи ги Сем Секстон и Дионтеј Вајлдер.

„Отидов таму и сакав да учам, а Кличко ги нокаутираше сите. Тогаш си реков дека нема да успее со мене. Видов дека Кличко го крши носот на Секстон. Му реков дека нема да успее со мене затоа што доаѓам и сум подготвен. Отидов на рингот со него и му дадов соодветна борба, заради што ме испратија дома.

Го видов Владимир како успеа да го нокаутира Вајлдер. Кличко го нокаутира. И двајцата беа во рингот, а Вајлдер притискаше и беше запрепастен. Кличко, пак, се повлече, ја смени водечката нога, правеше финити, му направи џебови во телото. Кличко завршува со џеб, а потоа задава лево кроше.

Вајлдер беше брутално нокаутиран. Тоа не беше нокаунд, туку чист нокаут. Најверојатно тоа е причината заради која не сакаа борба со Кличко. Ќе станам шампион. Гладен сум, имам психа и сум доволно добар. Јас сè уште се подобрувам и не сум стигнал до најдобрата форма“, рече Вајт за Скај спорт во Австрија.

https://www.instagram.com/p/B7PcNuphOKL/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B6x3lRni84X/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО