Дилиен Вајт му фрли ракавица на Усик

Британската тешка боксерска ѕвезда Дилиен Вајт испрати предизвик до Александар Усик. Украинецот со извонреден нокаут го победи Тони Белју. Тој не потврди кога ќе влезе во тешка категорија, но неговиот промотор Александар Краски откри кои се плановите.

„Усик нема да биде успешен во тешка категорија“, рече Вајт и додаде: „Постојат многу поголеми и посилни борци со кои треба да се справи. Ако одам против Усик, нема да ги направам работите што ги направи Белју. Јас постојано би бил блиску до него. Ќе го мачам цела вечер. Ќе го натерам да се бори во неудобни услови. Подготвен сум да се борам со Усик“”.

Вајт ја гледаше битката меѓу Украинецот и Белју во Манчестер. Во моментов се подготвува за меч против Дерек Чисора што ќе се одржи во декември.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО