Аертс: Против Сем Греко се борев пијан (ВИДЕО)

Петер Аертс во друштво на уште други двајца легендарни победници на К-1 Гран-при, Ернесто Хуст и Семи Шилт, се појави во интервјуто за холандскиот Јутјуб канал.

На прашањето дали би промениле некои работи да можат или да додесат поинакви одлуки, трократниот освојувач и со тоа уште трикратен финалист на К-1 за Гран при го одговори следното.

„Знаете, кога бев помлад бев прилично диво момче. Повторно се би повторил. Видете, да бев посериозен ќе го  освојував К1 WGP почесто, барем така мислам. Постојано се забавував. Доаѓав пијан на борба, но се борев. Ќе ги одарботев сите пет рунди. Првиот пат кога се борев со Сем Греко во хотелот дојдов пијан, само си ги зедов работите и отидов да се борам. Но, откако ја запознав мојата сопруга станав посериозен“.

Аертс и Греко прв пат се бореа во 1995 година на К-1 Реванш 2 настанот во Јокохама и Холанѓанецот победи со едногласна одлука во пет рунди. Во втората борба 1999-тата Аертс го нокаутира Австралијанецот со хај кик во втората рунда.

Сем Греко во текот на кариерата победуваше големи имиња како Бранко Цикатиќ, Стен Лонгидис, Ернесто Хуст, Мајк Бернард, Стефан Леко и Реј Сефо. Во 1999 година во полуфиналето на ГП загуби со технички нокаут од Мирко Филиповиќ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО