Дилан Денис покажа што има во главата на Абделазиз (ФОТО)

Дилан Денис повторно ја обнови расправијата со Али Абделазиз, менаџерот на многу ѕвезди во ММА. Тие подолго време се во непријателски односи и често се навредуваат на социјалните мрежи. Али си дозволува да го критикува Конор Мек Грегор, кој е пријател на Денис, а тоа го разбеснува Дилан. Пред неколку години, расправијата меѓу тимот на Абделазиз и на Денис достигна кулминација.

Го видовме Хабиб Нурмагомедов како го победи Конор Мек Грегор, а потоа ја прескокна оградата и се фрли кон Денис. Ова предизвика масовна тепачка, проследена со големи казни. Со текот на времето непријателството меѓу нив не запира, а и навредите продолжуваат. Абделазиз често е критикуван и обвинуван за пишување од профилите на борците што ги претставува.

На социјалните мрежи, Денис објави фотографија на која се гледа што има во главата на Абделазиз. Голем дел од неговиот мозок бил зафатен со разни лозинки од сметките на неговите борци, според Дилан Денис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО