Дијаз верува дека борбата Мек Грегор – Цероне била наместена

Конор Мек Грегор по 15 месеци се врати во октагонот и го нокаутираше Доналд Цероне за 40 секунди.

Додека некои го слават неговото враќање, други сметаат дека има нешто сомнително во тоа.

Претседателот на УФЦ Дана Вајт уште пред борбата почна да зборува дека Мек Грегор во случај на победа го чека борба за титулата во лесна категорија иако мечот со Цероне се одржува во велтер категорија и тој е без победа во лесна категорија од 2016 година. Можеме да претпоставиме дека раководството на УФЦ претпочита тоа да биде втора борба со Хабиб Нурмагомедов.

И заради тоа се проширија гласини со кои се тврдеше дека Цероне, како добар вработен, доаѓа за да изгуби. Самиот Американец мораше да се брани од овие обвиненија пред натпреварот.

„По ѓаволите, нема да му се поклонувам. Се случуваат толку многу срања, луѓето постојано ми кажуваат дека слушнале дека сум платен да се фрлам. Нема доволно пари на светот некој да ми плати за намерно да изгубам борба. Не би можел да се погледнам во огледало ако некој ми плати да се фрлам. Радо би се борел бесплатно отколку да земам пари за да изгубам. Тоа не сум јас. Ќе се борам до крај како и секогаш “, изјави Каубојот во тоа време за ММА фајтинг.

Дијаз ја коментираше борбата на Интернет со зборовите: Ова срање целосно е лажно. Слабо. Гледам дека ги користиш моите потези. И, зошто си во куќна наметка?

Дијаз два пати се бореше со Мек Грегор и тие во моментов се 1-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО