Дијаз му порача на Мек Грегор: Не е срамота да изгубиш од вистински гангстер

McGregor vs Diaz

За Конор Мек Грегор ништо друго во овој момент нема да биде понижувачко како новиот, вооедно и втор последователен пораз од Нејт Дијаз на УФЦ 200. Сепак, борецот од Стоктон тврди дека тоа  и „не е толку лошо“, бидејќи тој е во самиот врв на спортот.

„Сигурен сум дека ќе биде добар откако ќе го поразам. Јас сум на врвот на синџирот на исхраната. Веќе осум години се борам со првите 10 натпреварувачи. Да изгуби од мене и не е така лошо. Може да изгубите некој сирот, или може да загубите од вистински е..н гангстер. Мислам дека тоа нема да му наштети многу. Тој ќе биде добар“, рече Дијаз за Фокс спортс.

Дијаз скокна во мечот со Мек Грегор на УФЦ 196 со само две недели за подготовки, но и покрај слабите можности што му ги дадва обложувачите, успеа да го разниша шампионот во перолесна категорија на нозе, а потоа да го заврши со давење во втората рунда. Борбата што се одржа во велтер категорија ќе се повтори во исти услови на големиот настан во јули, иакона Дијаз воопшто не му е јасно зошто е договорен реваншот.

„Губев во борби со одлука на судиите, кои, всушност, не ги изгубив, а опцијата реванш никогаш не постоеше, ниту можев да ја барам. Но, овој тип го величаат затоа што сака реванш, мислам, зае.и со тоа, ова е боречки спорт“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО