АктуелноБорењеОлимписки игри
Аскербиев го победи Германецот Евалд на квалификациите за Рио (ВИДЕО)
Лабазан Аскербиев ја извојува првата победа на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио во Зрењанин, Србија. Тој во квалификациите го победи Марцел Едвал од Германија со 8-1.
Првата рунда заврши 0-0, а на почетокот доби казнен поен, така што Германецот поведе со 1-0, но нашиот репрезентативец покажа дека е поквалитетен борач и со активна борба го зголемуваше притисокот и водството 2-1, 4-1, 6-1 и 8-1.
Ова е прва победа на македонски борач во сениорска конкуренција по подолго време.
Дејан Митров (-65 кг) е поразен од Романецот Георге Букур со 13-4 во осминафиналето. Надежите дека Митров може да се избори за норма на овој турнир отпаднаа, ќе мора да ја чека наредната прилика.
Ipon.mk/В. Д.





