Дијаз изненади со прогнозата за мечот Мек Грегор-Мејведер (ВИДЕО)

Нејт Дијаз е еден од само неколкуте луѓе кои успеале да го совладаат Конор Мек Грегор. Единствено на кого тоа му тргна од рака откако „Озлогласениот“ дојде на тронот на ММА. Иако тврди дека не е на страната на УФЦ и ММА заедницита (такви сместувања не го интересираат), неговата прогноза за мечот меѓу Мек Грегор и Мејведер, кој го следи овој викенд, ги изненади многумина.

Дијаз повторно си остана доследен на себе и покрај фактот дека е„најголемиот непријател на Мек Грегор“, му даде поддршка на својот УФЦ колега.

„Сето ова е лудо, затоа штоа јас не сум на страната на ММА, нема да ви кажам ниту да сум на страната на Флојд, ниту на Конор. Но, ќе ви кажам на која страна сигурно не сум – на страната на УФЦ. Ме разбирате? Боксери, ебените професионални боксери само нешто серат и сите тие критики, па верувам дека мојата прогноза можеби е подобро да ја задржам за себе“.

„Се разбира дека има шанси, ова е борба. Секој во борбата има шанса. Мислам дека луѓето се премногу потценувачки настроени спрема Мек Грегор, тоа доаѓа од боксерската заедница. Зборуваат дека нема никакви шанси. Мислам дека има големи шанси“, изјави УФЦ-овецот.

Својата прогноза ја заснова на сопственото искуство. Познато е дека тој и неговиот брат Ник поминале години спаригувајќи со врвни светски боксери како Андре Ворд …

„Сум боксирал со многу боксерски професионалци во многу наврати и би ги претепував подобро отколку некои боксери. Со Конор одработив цели 25 минути и можам да кажам дека дефинитивно има шанси. Да гопобедиш најдобриот П4П боксер на светот не е лесно, тоа е друга приказна. Но дефинитивно има шанси, бидејќи ова е борба“.

„Всушност, никој не знае, освен ММА борците кои спарингувале со боксерски професионалци од највисок ранг. Ако ние сме вклучени во таков меч, Ник или јас, никако не не отпишувајте, гледајте ме како победувам во таа средба. Што повеќе луѓето зборуваат за ова, тој има повеќе шанси. Тоа му дава мотивација. Што повеќе луѓе велат дека нема шанси, тоа на Корон ќе му даде поголема самодоверба. Ќе си мисли: погледнете ме како победувам во ова“, додаде Нејт Дијаз.

Погледнете целиот разговор во видетото:

https://youtu.be/WL_–JDm9IU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО