Спокојниот Ентони Џошуа конечно го загуби трпението по уште една порција потсмев на негова адреса од страна на Тајсон Фјури. Светскиот шампион во тешка категорија не престанува да се шегува со непобедливиот англиски талент.
„Ако треба да сум чесен, тој е малку како кловн. Ме зајадува, но тоа е тој. Штом го смирува тоа, нека биде така. Но на крајот на краиштата, ќе се сретнеме во рингот. Немам трпение да се борам со него. Колку повеќе време поминува, толку полошо ќе биде за него. Продолжив да тренирам, а самодовербата ми расте. Имам потреба да боксирам со ривали како Дејвид Хеј, Дилиен Вајт, Дејвид Прајс, Дерек Чисора и Тајсон Фјури. Веќе неколку години ги набљудувам. Ако победам на 9 април, тогаш сум подготвен да го прифатам секој предизвик“.
За два месеци Џошуа ќе има шанса да ја освои титулата на Меѓународната боксерска федерација. Тој ќе се бори со шампионот Чарлс Мартин.
https://youtu.be/WjN42xIA0ws