Џошуа се среќава со Поветкин – постигнат е договор

Еди Херн очекува дека дуелот меѓу Ентони Џошуа и Александар Поветкин да биде финализиран во наредните три дена, но предупреди и дека супердвубојот со Дионтеј Вајлдер може да биде потврден во месецов.

Русинот Поветкин е задолжителниот предизвикувач за ВБА титулата на Џошуа во тешка категорија. Во моментов се подготвува за меч во септември во Англија.

Целта на договорот со Вајлдер е пресметка во февруари во Кардиф.

„Договорот со Поветкин ќе се финализира во следните 72 часа. Со Вајлдер се уште не сме се разбрале, но преговараме секој ден“, рече Херн и додаде:

„Џошуа би сакал да се бори во септември. Со Вајлдер битката не може да се случи во септември поради борбата на Канело.

Ако прво се бори со Вајлдер, тоа ќе биде во октомври или ноември во Англија, а ако прво има меч со Поветкин – ќе случи во септември. Ако средбата со Поветкин е прва, претходно мораме да склучиме договор со Вајлдер.

Вајлдер знае дека треба да оди таму каде што ќе му каже Џошуа, а во моментов тој сака битката да биде во Англија. Го знае ова и се согласува, но сѐ уште има многу за преговарање.

Договорот со Вајлдер ќе биде готов следниов месец, но веројатно борбата со Поветкин ќе се одржи порано. Значи, Вајлдер ќе се префрли за декември или можеби февруари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON