Само две победи за каратистите на Премиер лигата во Истанбул, тешкашите може да го поправат впечатокот

Во Истанбул на Карате 1 Премиер лигата вчера македонските каратисти остварија само две победи.
Денеска тешкашите имаат шанса да го поправат впечатокот од вчера.
Сепак, треба да се истакне дека од нашата земја беа пријавени 16 натпреварувачи, но за Турција отпатуваа девет.
На турнирот во Истанбул ќе настапат 620 каратисти од 200 клуба, односно од 63 држави.

Резултати
67 кг – 58
Ненад Ќелебиќ (Цветан Димов) – Давит Патаридѕе (Грузија) 0-0

75 кг – 52
Ферат Корбулиќи (Металург) – Павел Артамонов (Естонија) 0-8
Петар Заборски (Макпетрол) – Иса Разболов (Казахстан) 2-1
Петар Заборски (Макпетрол) – Џое Келавеј (Англија) 3-6
Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) – Мурат Оз (Турција) 0-0
Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) – Веи-Чун Хсу (Тајван) 0-4

-84 кг – 51
Берат Јакупи (КФМ) – Меди Сесина (Франција)
Петар Спасеновски (Металург) – чека противник

+84 кг – 46
Мартин Несторовски (КФМ) – Алиаксеи Водчиц (Белорусија)

55 кг – 52
Јована Георгиева (Олимпик спорт) Јулија Рајтер (Австрија) 0-2

68 кг – 35
Моника Стефановска (КФМ) – Ребека Саливен (Австралија)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО