Ромеро остана без борба за титулата, Оверем полесен од Блајдес (ВИДЕО)

Јоел Ромеро за втората борба по ред за титулата беше претежок на мерењето.

Откако беше претежок за борбата со Лук Рокхолд привремената титула во февруари, 41-годишниот Кубанец не успеа успешно да ја одработи обврската за УФЦ 225 во Чикаго и реваншот со шампионот Роберт Витакер.

Прво беше потежок околу 400 грама, доби дополнителни 2 часа да се симне до границата на средна категорија, но повторно малку му недостасуваше, откако Комисијата го прекина по еден час. Се работи само за 90 грама.

Борбата ќе се одржи, но во играта не е титулата во средна категорија. 28-годишниот Австралиец ќе остане шампион без оглед на исходот на борбата.

Алистер Оверем се бори во воведниот дел од шоуто против Кертис Блајдес. Холанѓанецот имаше 110,7, а Американецот 115,2 килограми.

Рафаел дош Ањош и Колби Ковингтон беа под границата на вечерта за борбата за привремената титула.

Андреј Арловски имаше малку помалку од 113 килограми против Таи Туиваса (118.4 кг).

Мирсад Бектиќ успешно ја одработи обврската за борбата со Рикардо Ламас.

УФЦ 225:
Роберт Витакер (84) – Јоел Ромеро (84.1)
Рафаел дош Ањош (76.7) – Колби Ковингтон (76.7)
Холи Холм (66.2) – Меган Андерсон (66.2)
Андреј Арловски (112,9) – Таи Туиваса (118,4)
ЦМ Пунк (76.7) – Мајк Џексон (77,3)
Алистер Оверем (110.7) – Кертис Блајдес (115.2)
Клаудија Гадела (52,6) – Карла Еспарза (52.6)
Рикардо Ламас (65,8) – Мирсад Бектиќ (66.2)
Рашад Култер (112) – Крис де ла Роча (118.4)
Рашад Еванс (93) – Ентони Смит (93,4)
Џозеф Бенавидез (66) – Серхио Петис (66.2)
Чарлс Оливеира (70,3) – Клеј Гвида (70.1)
Мајк Сантијаго (65,8) – Дан Иге (66.2)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО