Џошуа: Прифатив некои од учењата на Кличко

Ентони Џошуа и Владимир Кличко развија менторско-студентски однос.

30-годишниот Британец ги послуша советите на пензионираниот колега и пред претстојниот реванш со Енди Руиз во Саудиска Арабија следната сабота.

АЏ ќе се обиде да ги врати титулите во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија во реваншот со Мексиканецот од кого загуби во јуни.

Кличко се пензионира во 2017 година, непосредно по поразот од Џошуа пред 90.000 гледачи на стадионот Вембли.

Украинецот и Британецот станаа пријатели по борбата и Џошуа вели дека знае да го повика постариот колега за совет.

„Кличко ми кажува многу работи. Влад дефинитивно беше пред сите други. Тој е подисциплиниран од мене, поголем дипломат “, вели Џошуа.

„Ми дадаваше совети за исхрана и тренинзите и можеби луѓето зборуваат за тоа кога ќе ги видат промените на моето тело. Можеби затоа што усвоив некои од негови учења мојата тежина може да варира “.

„Ништо не ми недостасува откако не сум првак. Отсекогаш говорев дека појас никогаш не треба да го дефинира човекот. Одев како шампион и пред да го освојам појасот “.

„Ова е боречки спорт. Гепарот по еден пораз нема да ги изгуби своите шари. Кога станува збор за боксот, ние не си играме, сериозни сме и по поразот имав време да размислам. Сега морам да си докажам некои работи на себе. Сакам да бидам посериозен, затоа што одам на следното ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО