Џошуа: Погледнете ги моите тупаници. Тие не се такви од боксот, туку од уличните тепачки (ВИДЕО)

По Њујорк, Ентони Џошуа и Џарел Милер направија прес-конференција и во Лондон.

Непоразениот ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампион во тешка категорија на 1 јуни во Њујорк ги брани титулите против непоразениот Аамериканец.

Милер ужива во вниманието што го добива и ужива да биде во можност да го предизвика Џошуа.

29-годишниот Британец признава дека не бил ангел пред ја стекне меѓународната слава и дека има многу повеќе од изградена личност како што претставува денес.

„Дојдов до точка кога се запрашав дали сакам ли да продолжам да пушам и пијам со можност да завршам во затвор. Погледнете ги моите раце. Тие не се вакви заради боксот, туку поради уличните тепачки“, изјави светски шампион во тешка категорија (ТЦ 17:30).

„Кога ќе дојдеме во рингот нема многу да разменувме зборови, само летаат удари.На 2 јуни 2 Џарел Милер ќе стане ирелевантен за мене и ќе се свртам на следната мисија. Погледнете го неговото лице. Ќе ги реконструирам неговото лице и тело. Се радувам на тоа“.

„Погледнете како му живна духот од сите срања што ги зборува. Ќе му го одземам тоа“.

https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/838409779832572/

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО