Џошуа: Некои се прават силни, но во суштина се слаби. Респект за Поветкин.

Ентони Џошуа и Александар Поветкин вечерва на Вембли излегуваат на мегдан за да решат кој е борој еден во светот во тешка категорија.

28-годишниот Британец во интервју за ЕСПН по мерењето најави нокаут во осмата рунда.

„Се надевам дека ќе го скинам во осмата рунда“.

Поветкин никогаш не бил нокаутиран, а единствениот пораз го доживеа со судиска одлука од Владимир Кличко 2013 година.

„На спаринзите се тестирав безброј пати. Моите тренерите понекогаш прашуваат што правам на спарингот, но некогаш ќе и кажам да ме ударат, бидејќи знам како да фрлам удар. Знам да се борам, но прашање е што ќе правам кога ќе ударот ќе се врати“.

„Така, што се однесува до Поветкин пополно сум фокусиран, но сум фокусиран и на тоа прикажеме добра борба. Не ми проблем да излезам од рингот со сино око и со скршен нос, затоа што мора нешто и да примам за да зададам“.

Мерењето помина со меѓусебно почитување, а по одработените обврски Џошуа на Фејсбук објави фотографија со порака: „Некои се прават силни, но во суштина се слаби. Респект за Поветкин. Со радувам на добра борба“.

https://www.facebook.com/anthonyjoshuaboxer/photos/a.234410803381484/1155996357889586/?type=3

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО