Ентони Џошуа пред својата 30-та година оставри големи работи во боксерската кариера.
Олимписки победник од 2012 година, па професионален светски шампион во тешка категорија во ИБФ федерацијата и потоа победа пред 90.000 навивачи против Владимир Кличко за појасите на ВБА и ИБО.
„Менталното е толку важно колку и физичкото. Тој глас кој ви кажува да продолжите, да копате длабоко во себе. Мора да се погрижите ако вашето тело сака да се откаже тоа умот да не го дозволи“, рече 28-годишниот Британец.
„Јас вложувам часови. работам понапрно и попаметно од моите противници, но тоа ништо не вреди ако мојата глава не е во врвна состојба. Вашето тело може да биде повредено и начнато, но вие мора да бидете непобедливи“.
Еден од неговите главни спонзори, Андер Армур, објави и краток филм на оваа тема. Во него, Џошуа вели: „Најголемата борба е во главата…“
.