Џошуа му ги понуди услугите на Фјури за мечот против Вајлдер, а Тајсон…

Ентони Џошуа јавно му ги понуди услугите на Тајсон Фјури за подобро да се подготви за мечот со ВБЦ првакот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер.

Ентони за Скај спорт јасно кажа дека би му помогнал на Фјури за што подобра да се подготви за мечот на 22 февруари.

„Мислам дека Фјури прво би сакал да боксира со мене отколку со Вајлдер, па затоа сакам Фјури да победи на овој меч. Фјури, ако ти требам за спаринг, тука сум. Имавме спаринг како деца. Би дошол во Америка и би му помогнал да се подготви за мечот против Вајлдер. Тоа би го сторил поради тоа што тој сигурно сака да боксира против мене”, рекече Џошуа.

По оваа јавна понуда за спаринг се огласи и Тајсон. Помошта од Џошуа со радост би ја прифатил.

„Токму сега видов дека Џошуа би сакал да ми помогне. Тој е во право. Кога ќе го победам Вајлдер, тој е следен. Навистина сакам да го видам во својот камп пред овој меч. Се надевам дека навистина сака да дојде, бидејќи, ако е така, тогаш би сакал да те имам покрај себе”, порача Фјури.

Фјури и Вајлдер во рингот ќе се сретнат на 22 февруари, а нивната прва борба меѓу нив пред една година заврши без победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО