Џошуа и Пулев се договорија, ќе се пресметаат на стадионот на Тотенхем

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе ги брани ИБФ, ВБА, ВБО, ИБО појасите во супертешка категорија против Кубрат Пулев на 20 јуни. Борбата е договорена и потврдено е местото на настанот – Ќе се борат на ултрамодерниот стадион на Тотенхем во Лондон.

Џошуа беше обврзан до 3 март да прифати борба со предизвикувач за титулите, па во еден ден се договорија со Кобрата околу датумот и местото за борбата. Џошуа со победата против Енди Руис во реваншот во октомври минатата година ги поврати појасите, а се шпекулираше дека следна борба ќе му биде против сонародникот Тајсон Фјури.

Сепак, за 24-та професионална победа во кариерата ќе ги одмери силите против искусниот бугарски боксер, кој исто така има само еден пораз од вкупно 29 борби во кариерата, и тоа нокаут од Владимир Кличко во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON