Еден од најдобрите боксери во тешка категорија во последните 10 години Владимир Кличко (64-5, 53 КО) се уште не одлучил дали да ја прифати понудата за реванш против светскиот шампион на ВБА, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО).
Џошуа и официјалниот кандидат за светски шампион на ИБФ Кубрат Пулев се уште ја чекаат одлуката на украинската легенда, за да ги направат идните планови.
Сепак, Кличко за прв пат по поразот од Џошуа на 29 април во Лондон покажа дека е во добра форма и се забавува.
Владимир ја сподели фотографијата која покажува дека до скоро сурфал.
„Да, работам и тренирам додека се забавувам – ова е мојот омилен провод. Ги одржувам умот и телото во добра форма за мојот следен предизвик“, напиша Владимир Кличко.
https://www.facebook.com/klitschkobrotherscom/posts/1620464247998717:0
.