Џошуа и Милер имаа луто соочување, за малку не се степаа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Џарел Милер за малку не се степаа за време на промоцијата на следниот меч на Британецот против Александар Поветкин.

Светскиот шампион официјално објави дека ќе ја брани титулата против Русинот на медиумски настан во Њујорк. Тогаш Милер се качи на сцената и почна да го провоцира Џошуа. Двајцата разменија остри зборови и мораше да бидат раздвоени. Поветкин го гледаше ова од страна.

„Со кој си мислиш дека зборуваш. Замолчи и слегувај од сцената, мала кучко. Ќе те нашамарам. Покажи почит“, избувна Џошуа.

Инаку Џарел Милер трбаше да се бори со Кубрат Пулев, но тој одби да се бори во Софија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО