Џошуа: Поветкин е добар, но дали ќе е подготвен?

Ентони Џошуа почна психолошка војна пред борбата со Александар Поеткин. Британецот ќе учествува на втората средба меѓу олимписките шампиони во супертешка категорија. Прво успеа да го нокаутира Владимир Кличко во 2017 година. Битката со Русиниот е закажана за 22 септември во Лондон.

„Поветкин е добар боксер. Умее да се бори со ривалите како мене. Го почитувам, но вистинското прашање е дали ќе биде подготвен за мечот. Мојата цел е да станам апсолутен светски шампион во тешка категорија“, го пофали Џошуа својот протовник.

Џошуа ја коментираше и ситуацијата околу потенцијалниот дуел со Дионтеј Вајлдер. Двете страни имаа долги преговори.

„Можевме да потпишеме договор за овој дуел уште во јануари. Ние го потпишавме нашиот дел од договорот. За жал, работите добија друг тек и сега ме чека задолжителната одбрана. Порано или подоцна ќе се сретнеме со Вајлдер“, додаде Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО