К-1 го најави Гран-прито во крузер категорија (ВИДЕО)

К-1 го најави новиот Гран при, овој пат во крузер категорија за 24 септември во Саитама супер арена.

Следниот турнир на осумината ќе се одржи до 90 килограми. Јапонскиот дел од промоцијата К-1 веќе извесно време се занимаваше со оваа идеја поради малиот број на јапонски тешкаши.

Листата со имиња не е импресивна.

К-Џи, кој на минатогодишниот Гран при во тешка категорија беше поразен со нокаут од Антонио Плазибат во четвртфиналето, се бори со Американецот Брајан Мек Грат.

Англичанецот Ендру Гроче, кој во 2016 година загуби во четвртфиналето на Европскиот К-1 Гран-при до 95 килограми во Белград, за полуфинале ќе се бори со Хитоши Сугимото.

29-годишниот Французин Хамаили Масинис се бори против Макота Уехаре, а последниот финален пар е Иранецот Сина Кариман и Од Кен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО