Џошуа: Го направив најголемото враќање кое го видел светот, сакам 70 отсто од заработката од борба со Вајлдер или Фјури

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, му понуди на победникот од реваншот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури поделба на заработката половина-половина  со неговиот боксер.

Поделбата на заработувачката отсекогаш била камен на сопнување, но откако Џошуа го доживеа првиот пораз во кариерата и откако беше објавено дека Вајлдер и Фјури има опција за третата борба одлучи да го смени ставот, но исто така спомена дека за тоа се прашува и боксерот.

Џошуа, кој во декември со реваншот со Енди Руиз во Саудиска Арабија си ги врати појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, не се согласува со неговиот промотор и смета дека поголем од парите во борбата за неспорен шампион треба да му припданат на него.

Ова е промена на ставот од минатата недела кога изјави дека подготвиле нова понуда за борба со Вајлдер со која е запознаен американскиот тим, за што менаџерот на Вајлдер рече дека не се заинтересирани за никакви понуди во моментов.

„Која е логиката на Херн?“, се запраша Џошуа во интервју за телевизија ИФЛ.

„Кога Енди беше шампион, се дигна многу врева за тоа каде ќе се одржи реваншот. Тој беше шампион и требаше да одлучи? Постои еден аспект, а тој е кога вие ја движите тешката категорија, имате поголеми права. Сега кога си ги вратив појасите, можам да ги замолчам луѓето со тие приказни за 50-50“.

„Сè треба да се објасни. Не разбирам зошто подебата би била половина-половина. Кога изгубив тоа беше најголемото изненадување, па кога се вратив тоа треба да биде најголемиот кам-бек. Сакам сè. Сакам 70 проценти. Го направив најголемото враќање во историјата на боксот што го видел светот. Тоа беше најголемото изненадување што го виде светот“.

„Она што ќе мора да го направат е да му објаснат на моето его зошто не 70 проценти? За мене тоа има смисла. Во мојата глава тоа е во ред. Одам во војна. Мора да знам за што се борам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО